Реномираната британска сертификациска куќа Lloyd’s Register Quality Assurance и компанијата ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг го организираа деловниот настан “LRQA Quality Business Brunch” со поддршка од Британската Амбасада во Скопје.

companyНастанот го потенцираше значењето на воведување и акредитирана сертификација на меѓународните стандарди (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001, ISO 20000, ISO 22000, HACCP, ISO 17025, ISO 31000, ISO 50001 и други) кон препознатливост на македонските компании на меѓународниот пазар, усогласеност со домашната и меѓународната законска регулатива и континуирано унапредување на нивното работење.

companyНа настанот присуствуваа голем број на компании и институции пред кои се обрати Британскиот амбасадор во Македонија НЕ г-дин Чарлс Едмунд Гарет, кој официјално го отвори настанот и го истакна значењето на соработката помеѓу британските и македонските компании, како и унапредувањето на работењето на македонските компании преку примена на меѓународни стандарди и нивна успешна сертификација. Во овој контекст посочи дека Lloyd’s Register Quality Assurance е една од водечките акредитирани сертификациски куќи, со искуство од над 257 години, која нуди висококвалитетни услуги во делот на сертификациски проверки, тренинзи и обуки за меѓународните стандарди.

companyГ-дин Михајло Евросимовски, како официјален претставник за Lloyd’s Register Quality Assurance во Р. Македонија и директор на компанијата ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг го истакна значењето на примената на меѓународните стандарди и нивната сертификација од страна на акредитирани сертификациони куќи. Во овој контекст тој потенцираше: „Со особено задоволство би сакал да истакнам дека македонските компании и институции се повеќе ги препознаваат придобивките од воведување и сертификација на меѓународните стандарди во своето работење, но од особено значење за успешна примена и меѓународна препознатливост на стандардот е да биде акредитиран, односно издаден од страна на одобрна и позната сертификациска куќа, како што е Lloyd’s Register – водечка светска сертификациска куќа“.

companyОд страна на менаџерот на Lloyd’s Register EMEA Branch , г-ѓа Ѕвездалина Јанева, беа презентирани почетоците и основањето на сертификациската куќа Lloyd’s Register Quality Assurance (LRQA) – како прва актредитирана сертификациона куќа од страна на UKAS (United Kingdom Accreditation Service) и со признание од над 50 други акредитациски тела. Г-ѓа Јанева во својата презентација особено ги истакна целите и достигнувањата на LRQA во областа на истражувачко-развојни проекти, развој и тренинг на соодветно високо обучени водечки проверувачи/ сертификатори, следење и обуки за новите верзии на стандардите и високо професионално и стручно ниво при вршење на сертификациските проверки.

1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3