СЕРТИФИКАЦИЈА

ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг, како застапник на Lloyd’s Register во Република Македонија, овозможува услуги за едукација, тренинг и сертификација на широк спектар на меѓународни стандарди од фамилијата ISO.

 

 

Lloyd's Register е светски водечки, независен обезбедувач на услуги за деловно осигурување, вклучувајќи сертифицирање на системот за управување, потврдување, верификација и обука за меѓународни стандарди и шеми.

LR направи значителен придонес во развојот и подобрувањето на стандардите и сродни активности во областа на системите за управување со усогласеноста и оценувањето во целиот свет. LR eкспертите секогаш учествуваат во национални и меѓународни технички комитети, форуми за акредитација, стандардни комитети за развој итн.

 

 

Нашата единствена методологија ќе Ви помогне ефективно и ефикасно да управувате со Вашите системи, со цел подобрување на Вашите сегашни и идни резултати. Ова има значајно влијание за проценка на стратешките цели, чија реализација ќе Ви помогне:

  • да ги исполните Вашите ветувања, да ја подобрите Вашата репутација и конкурентна способност и да бидете различни и уникатни во Вашите услуги;
  • да ги согледате придобивките од системите за управување, поврзувајќи ги овие придобивки со финансиските перформанси и резултати, како и подобрување на севкупните перформанси;
  • да ја развиете Вашата способност за ефикасно управување со повеќе ризици;
  • да бидете сигурни дека Вашите системи ги задоволуваат потребите на засегнатите страни за обезбедат долгорочен одржлив развој да се осигураме дека вашите системи за управување се усогласени со вашите стратешки цели.

 

 

 

Сертификација

 

Сертификацијата е потврдување на одредени карактеристики на организацијата. Оваа потврда е често, но не секогаш, обезбедена од страна на некој облик на надворешен преглед, оценување или ревизија. Тоа е обезбедување од страна на независно тело на писмено уверување (сертификат) дека производот, услугата или системот ги исполнува специфичните барања.

Сертификацијата може да биде корисна алатка за додавање кредибилитет, покажувајќи дека вашиот производ или услуга ги задоволува очекувањата на Вашите клиенти. За некои организации, сертифицирањето е правно или договорно барање.

 

Процес на сертификација

 

Организациите низ целиот свет признаваат дека длабокото разбирање на нивните предности и слабости води до идентификување на потенцијалот за конкурентна предност.

Овој стратешки пристап насочен кон одржлив и успешен бизнис сѐ повеќе се изразува преку зголемена доверба во сертифицираните системи за управување како алатка за управување.

За да се добие максимална вредност од процесот, организациите и надворешните консултанти и сертификациони тела треба да работат заедно во атмосфера на доверба и соработка. Треба да изградиме односи на меѓусебна соработка и она што е значајно е луѓето во Вашата организација да сфатат дека сме таму за да помогнеме.

Кога се врши проверка и евалуација на Вашите системи за управување, не се разгледува само документираниот начин на кој се одвиваат активностите. Значајно е да се види како навистина функционира Вашата организација.

Откако евалуацијата е успешно завршена и е дадена техничка согласност, LR Ви издава сертификат. Со самата сертификација се гради доверба во заинтересираните страни преку глобалното признавање и репутација на LRQA.

 

Повеќе за стандардите по кои LR врши сертификација - на следниот линк - www.lrqa.com.