Lean Six Sigma Тренинг
Оваа обука ќе Ви помогне во однос на:
Lean Six Sigma - Црн појас
Професионално ниво со кое темелно се разбира филозофијата и алатките на Six Sigma. Носителот на црниот појас треба да има лидерски способности и да може да го води проектниот тим. Носителите на црните појаси имаат темелно разбирање за сите аспекти на моделите DMAIC (Define, Measure, Analyze, Improve and Control) и DMADV (Define, Measure, Analyze, Design, Verify), во согласност со принципите на Six Sigma и Lean концептите.
Lean Six Sigma - Зелен појас
Обуката ќе Ви помогне да ја разберете Lean и Six Sigma методологијата.
Ќе бидете во состојба да работите на Вашите сопствени проекти за подобрување преку примена на алатките на Lean Six Sigma.
Тренингот Lean Six Sigma е исто така погоден за спонзорите на проектот Lean Six Sigma, како и за менаџерите кои би сакале да ја имплементираат Lean Six Sigma во нивната организација. Обуката е од корист и за процесните инженери и менаџери за квалитет.
Lean Six Sigma Жолт појас
Стекнување со основно знаење за Six Sigma и запознавање со базичните концепти на Six Sigma и DMIAC. Носителите на жолтите појаси им помагаат на носителите на зелени појаси при реализација на проектите во организацијата. Тие се суштински одговорни за администрирање на мали проекти користејќи PDCA методологија (Plan, Do, Check, Act). Six Sigma е чекор-по-чекор процес на интервенции и алатки кои им овозможуваат на компаниите да утврдат на кои деловни процеси треба да се посвети внимание, да се идентификуваат основните причини за проблеми и да се одржат придобивките во подобрувањата.
@2018 Evrosimovski Konsalting. All rights reserved.