Деловна политика

                                                          

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг се стреми кон давање на високо квалитетна услуга на своите клиенти во согласност со нормативните барања и со меѓународните стандарди за деловниот менаџмент консалтинг.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на услугите и за усовршување на Системот за управување со квалитет.

 

  • Раководството на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели на компанијата.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг се стреми да одржува тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг ги поддржува:
  • Системот за управување со квалитет (ISO 9001:2015),
  • Системот за управување со животна средина (ISO 14001:2015),
  • Системот за управување со здравје и безбедност при работа (OHSAS 18001:2007) и
  • Системот за управување со безбедност на информации (ISO 27001:2013).

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг се стреми навремено да ги идентификува ризиците во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на услугите, процесите и Системите за управување со квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа и безбедност на информации.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг во своето работење применува процесен приод и врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите деловни процеси и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност и ефикасност.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг им гарантира на своите клиенти високо квалитетна и професионална услуга.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг ги почитува важечките законски и други барања од областа на заштита на животната средина и здравје и безбедност при работа.
  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг врши контрола на работните процеси заради обезбедување ефикасност на мерките за заштита на животната средина и се стреми кон ефикасно искористување на енергијата, со цел зачувување на природните ресурси;

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг врши континуирана обука, едукација и поттикнување на вработените во правец на подигање на свеста за здравје и безбедност при рабoта, еколошката свест и одговорност, како и за реагирање во случај на настанување на вонредна состојба;

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг јасно ја одредува информационата безбедност, нејзините цели, области и степени на значење како механизми за обезбедување и/или користење на информацијата.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг се стреми секој вработен да ја осознава важноста на своето работење и активно да учествува во процесот на усовршување на Системот за управување со информациска безбедност.

 

  • ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг континуирано го зголемува нивото на информационата безбедност и заштита на информацијата од широкиот дијапазон на опасности за да гарантира постојаност на процесите, заштита на бизнис интересите и зголемување на конкурентноста и деловните можности на компанијата.

 

  • Раководството периодично извршува контрола на интегрираната политика, целите и  функционирањето на Системите за управување со квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа и безбедност на информации и презема мерки за нивно континуирано унапредување.