Имплементација на меѓународни – ISO стандарди

Во денешни услови на работење компаниите се соочуваат со сѐ поголема конкуренција, динамичен развој на технологијата, потреба за воведување на иновации и постојано одржување на чекор со промените. Во вакви услови, она што ја издвојува компанијата од останатите е КВАЛИТЕТОТ.

 

Системите за управување со квалитет имаат значаен придонес во продуктивноста и успехот на институциите и компаниите.

 

Одржувањето на високо ниво на квалитет станува неопходен предуслов за успешност и развој. Компаниите/институциите се повеќе го препознаваат значењето на меѓународните ISO стандарди, како деловен инструмент за остварување на повисоко ниво на квалитет, а со тоа и поголема продуктивност и профитабилност.

 

Значењето на системите за управување пред сѐ, се согледува во остварување на повисоко ниво на ефективност и ефикасност на интерните работни процеси и систематичен пристап во работењето на компаниите/ институциите.

 

Преку ваквиот пристап, системот за управување со квалитет овозможува следење на квалитетот во секоја фаза од релизацијата на работниот процес. Со тоа навремено се препознава евентуална неусогласеност на нивото на квалитет, за што се предлагаат соодветни корективни и превентивни мерки.

Најприменуваниот систем за управување со квалитет е основниот меѓународен стандард ISO 9001:2015, кој е генерички стандард и е применлив во компании и институции, независно од нивната големина и дејност. Со стандардот ISO 9001:2015 се овозможува управување со квалитетот на сите процеси во компанијата/ институцијата.

 

Покрај основниот стандард ISO 9001:2015, за сите специфични барања во однос на квалитетот во поедини деловни области од работењето на компаниите/ институциите, ги имплементираме следниве специфични стандарди:

  • ISO 14001 – Систем за управување со заштита на животната средина

  • ISO 45001 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа

  • ISO 27001 – Систем за управување со безбедност на информациите

  • ISO 20000 – Систем за управување со IT услуги

  • ISO 22000 – Систем за управување со безбедност на храна

  • ISO 22301 - Систем за управување со континуитет во бизнисот

  • ISO 31000 – Систем за управување со ризици

  • ISO 50001 – Систем за управување со енергетска ефикасност 

  • ISO 20121 – Систем за управување со одржлиовост на настани 

  • ISO 10002 – Систем за управување со задоволство на клиенти - процес на жалби 

  • ISO 28000 –  Систем за управување со безбедност за синџирот на снабдување / добавувачи

  • ISO 13485 – Систем за управување со квалитет со медицинска опрема

  • ISO 39001 – Систем за управување со безбедност во сообраќајот

  • IATF 16949 – Систем за управување со квалитет од аспект на: дизајн, производство и сервис за автомобили. (International Automotive Task Force)

 

НАШИ ПРОЕКТИ ОД ОВАА ОБЛАСТ