ISO 31000:2018 - Семинар - „Управување со ризици во организациите/компаниите“

Делегацијата на германското стопанство во Македонија во соработка со Евросимовски Консалтинг , член на Македонското-Германско стопанско здружение, одржа семинар на 16.11.2018, на тема: „Управување со ризици во организациите/компаниите“.

Управувањето со ризиците е централен дел на стратешкото управување. Тоа е алатка која помага да се предвидат неповолните настани и да се реагира на нив, односно да се насочат постапките на внатрешната контрола и ресурсите кон клучните функции и со нив поврзаните ризици.

ISO 31000:2018 претставува систем за управување со ризици, принципи и насоки. Основната причина поради која е создаден овој стандард е да обезбеди принципи, насоки и рамки преку кои ќе се управува со ризиците. Воведувањето на принципите и насоките на ISO 31000 овозможува подобрување на оперативната ефикасност, целокупното управување со организацијата и зголемување на доверба на засегнатите страни, притоа минимизирање на можните штети при работењето. 

На семинарот беа разгледувани следните аспекти:

•    Управување со ризици во организациите
•    Предуслови кои треба да бидат исполнети за функционалност на системот за управување со ризици
•    Придобивки од ефективното управување со ризиците
•    Процес на управување со ризиците
•    Систем за управување со ризици ISO 31001:2018
•    Поставување на стратешки и оперативни цели
•    Утврдување на ризиците
•    Проценка на ризиците
•    Воспоставување контролни мерки (постапување по ризиците)
•    Следење и известување за ризиците
•    Клучни показатели на успешноста (KPI)
•    Следење и проверка на процесот на управување со ризизци.