На 27 април 2016 година Европскиот парламент и Советот на ЕУ ја донесоа Општата регулатива за заштита на лични податоци ((ЕУ) 2016/679 - Genral Data Protection Regulation), за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и движењето на таквите податоци, со примена од 25 мај 2018 година.
Со влегување во сила на оваа регулатива, отпочна процесот на имплементација на одредбите со кои детално и унифицирано се регулира функцијата Офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП). Тоа ќе ја зајакне заштитата на податоците за сите поединци во ЕУ, без оглед каде се наоѓаат податоците. ГДПР поставува повисоки стандарди за заштита од досегашната легислативна регулација на истото прашање.
Иако Република Македонија не е членка (со статус на кандидат од 2006 година), основен интерес на земјата е да го усогласи националното законодавство со горенаведеното законодавство на ЕУ. Во таа насока, е изработен и нов предлог Закон за заштита на личните податоци.
Најважните новини кои произлегуваат од GDPR (релевантни и за Република Македонија) се:
- ревидираниот пренос на лични податоци во земји надвор од ЕУ;
- нови права на субјектите на личните податоци и нови методологии за обезбедување усогласеност;
- зголемување на улогата и одговорноста на надзорните тела и слични мерки.
ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг во соработка со анимираната сертификациона куќа Lloyd’s Register ЕМЕА Branch, на 28.02.2018 во хотел Мериот во Скопје, го одржа првиот семинар од делот за заштита на личните податоци - General Data Protection Regulation (GDPR).
За повеќе информации во врска со настанот кликнете на седниов линк: Семинар за GDPR.
Директорот на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг учествуваше на прес-конференција за GDPR, организирана од страна на Сојуз на стопански комори.
За повеќе информации за настанот кликнете на следниов линк: Новата ЕУ регулатива за заштита на личните податоци предизвик за македонските компании.
@2018 Evrosimovski Konsalting. All rights reserved.