Моменталната ситуација со пандемијата COVID-19 го свртe светот наопаку за сите, но на ниту еден сектор не му се укажа поголем предизвик од здравството. Во оваа ситуација се потребни дополнителни, специјализирани мерки за заштита на пациентите, посетителите и медицинскиот персоналот, се цел да се намали пренесувањето на вирусот.
За таа цел, би сакале да Ве известиме дека Глобалниот лидер за акредитација, Temos International Healthcare Accreditation, Германија, го објави започнувањето на својата нова програма „Сертификат за усогласеност: КОВИД-19 безбеден“ за решавање на клучните проблеми со кои се соочуваат болниците и клиниките за време на кризата САРС-КоВ-2 и после неа.
Како одговор на финансиските притисоци и привремено затворање на многу клиники и болници во светот, Темос обезбедува бесплатен пристап до стандардите на програмата, така што оние што не можат си дозволат да платат за програмата за да добијат сертификати, може да ги користат стандардите како упатства за нивните системи и процеси.
Ова е прв сертификат од ваков вид „Сертификат за усогласеност“ и истиот ги презентира тековното научно знаење и најдобрите меѓународни клинички пракси на давателите на здравствени услуги за прегледување и евентуално прилагодување на протоколи за управување со заразни болести, како и подготвеност на организацијата и нејзиниот план за одговор. Стандардите опфаќаат специфични ризици на изложеност, извори на изложеност, патишта за пренос и други уникатни карактеристики на САРС-КоВ-2 како и нови стандарди за телемедицина и кризни комуникации.
Темос е иновативен и глобален лидер во обезбедувањето на најдобрата меѓународна клиничка и искуствена практика до болниците и клиниките ширум светот, преку своите програми за акредитација и сертификација. Стандардите на Темос се едноставни за употреба, сеопфатни, прилагодени за специјализирани клиники и се со поволни цени. Преку овие стандарди, Темос соработува со своите клиенти за да тие ги постигнат највисоките можни стандарди во здравството.
@2018 Evrosimovski Konsalting. All rights reserved.