Софтвер за имплементација на ISO стандарди

Како резултат на долгогодишно искуство во реализација на деловни менаџмент консултантски услуги, Евросимовски консалтинг разви веб базирано софтверско решение за имплементација на меѓународни ISO стандарди.

Решението овозможува систематичен, структуриран и автоматизиран пристап во управувањето на бизнис процесите.

 

Софтверскиот пакет е модуларно конципиран со тоа што за почеток ги нуди следниве модули (менаџмент алатки):

  • Управување со бизнис процеси
  • Лидерство и планирање
  • Управување со ризици и можности
  • Управување со човечки ресурси
  • Управување со документи
  • Управување на релации со клиенти
  • Управување на релации со надворешни соработници
  • Управување со инфраструктура
  • Прегледи и преиспитувања
  • Евалуација на перформанси

 

Имплементација на основниот стандард ISO 9001:2015 (Систем за управување со квалитет) ги опфаќа сите модули, со што на корисникот му се нуди интерактивно софтверско решение за управување со севкупниот квалитет во своето работење.

 

Во следната фаза планирано е да се развијат модули со кои ќе бидат опфатени барања и од други ISO стандари.

 

Повеќе информации за софтверското решение може да видите на следнава веб страна: www.businessexcellencesolutions.com