ISO 45001:2018 - Систем за управување со здравје и безбедност при работа

Меѓународната организација за стандардизација (ISO) разви нов стандард ISO 45001 - Систем за управување со  здравје и безбедност при работа, кој беше воведен во месец март 2018 година. 

 

Со овој стандард се заменува постоечкиот систем OHSAS 18001, кој досега беше имплементиран од страна на компаниите и институциите. 

 

Со стандардот се пропишуваат барања, кои ќе им помогнат на организациите да ги намалат ризиците на работното место преку обезбедување на рамка за подобрување на безбедноста на вработените и создавање подобри, побезбедни услови за работа.

 

Планираните резултати од воведување на стандардот ISO 45001:2018, вклучуваат исполнување на законските барања од оваа област. 

Стандардот ISO 45001:2018 е применлив за секоја организација, без оглед на нејзината големина, видот и активностите. Тој е применлив за ризиците поврзани со здравјето и безбедноста при работа, земајќи ги предвид факторите како што е контекстот во кој организацијата работи и потребите и очекувањата на вработените и другите заинтересирани страни.