Евросимовски Консалтинг одржа обука за ВАЖНОСТА И ПРИДОБИВКИТЕ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ, во рамките на проектот „Надминување на јазовите помеѓу мултинационалните компании и домашните МСП во Македонија“ спроведуван од страна на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за економски истражувања и политики Finance Think.
На дводневниот семинар (03-04.12.2018), одржан во Holiday Inn Skopje, беа разгледани следните стандарди:
- ISO 9001:2015
- ISO 14001:2015
- ISO 45001:2018
- ISO 31000:2018
- IATF 16949 - International Automotive Task Force
- ISO 17020
- Lean Six Sigma
Општа цел на дводневниот семинар беше да се зајакне свеста за потребата од воведување и примена на технолошки и професионални стандарди кај домашните МСП, во насока на зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето и севкупната конкурентност на МСП.
@2018 Evrosimovski Konsalting. All rights reserved.