Самит и бизнис форум на шефовите на влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ)

Македонската бизнис делегација, меѓу кои и директорот на Евросимовски Консалтинг - Михајло Евросимовски, учествуваше на 7-миот Самит и бизнис форум на шефовите на влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што се одржа на 7 јули во Софија.

 

Домаќин на 7-та средба на шефовите на влади на Кина и ЦИЕ беше Република Бугарија, во организација на Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина (СЕЕС). 

 

Оваа година на бизнис-форумот, акцент беше ставен на следните сектори: високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување, инфраструктура (вклучувајќи транспортна и патна инфраструктура, енергија), земјоделство и туризам.

 

За повеќе информации за настанот, кликнете на следниов линк: 7-миот Самит и бизнис форум на шефовите на влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ).